СПЕКТРУМ - македонско - хрватско здружение
9. 2. 2012.
ПОЧЕТНА
ЗА НАС
ПРОЕКТИ
ДОНАТОРИ
МЕДИУМИТЕ ЗА НАС
ЛИНКОВИ
ЗА МАКЕДОНИЈА
АРХИВА

Hrvatski   Makedonski

Здружение СПЕКТРУМ Гологоричка 3, 10 000 Загреб тел. 01/2370 422, 01/3863 038 info@udruga-spectrum.hr

 
Мај 2010

 

                     „ДЕЦА ЗА ДЕЦАТА И НАСМЕВКА НА НИВНИТЕ ЛИЦА“

 

 Со цел да се воспостави културна соработка помеѓу децата од Македонија и Хрватска, со размена на гостувања како во Скопје, така и во Загреб, нивно зближување и развој на детската свест за помагање на други на кои помошта им е неопходна, Општина Центар во соработка со детскиот хор „Пахуљице„ и Македонско-хрватското здружение за промовирање на културните вредности и врски „Spectrum“ од Загреб го организира реализирањето на меѓународниот проект „ДЕЦА  ЗА ДЕЦАТА И НАСМЕВКА НА НИВНИТЕ ЛИЦА“.

Во реализацијата е вкучена и Заедницата на хрватското малцинство во РМ од Скопје.

По тој повод во Универзалната сала во Скопје на ден 29 мај 2010 година во 19:30 часот ќе се одржи целовечерен концерт на детските хорови „Пахуљице“ од Загреб и „Златно славејче“ од Скопје (кој годинава одбележува 40 годишен јубилеј). Концертот е хуманитарен, а средствата од влезниците ќе бидат наменети за детскиот оддел при Клиниката за онкологија во Скопје.

Се заблагодаруваме на покровителот Град Скопје, Општина Центар како и на сите оните кои на било кој начин го подржаа овој хуманитарен проект и помогнаа да се донесе насмевка на детските лица.

                                                                                 

(Љ.Винокиќ, 06.05.2010)

    

 

Призори од гостувањето во Скопје

Прием кај градоначалникот на Општина Центар-Скопје, 28.05.2010 год.

Претседателката на здружението Спектрум госпоѓа Славица Коретиќ ги предава подароците на Градоначалникот господин Владимир Тодоровиќ

     

Големо лицитарско срце

Златен вез на платно - букви од глаголицата

 

Детскиот хор „Пахуљице“ од Загреб во придружба на членовите на Здружението Спектрум и членовите на Заедницата на хрвати во Република Македонија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Љ.Винокиќ, 12.06.2010

         

Матичен број 2006596, жиро сметка 2484008-1103332508, девизна сметка HR0924840082100073758/SWIFT: RZBHH2X/Raiffeisen Bank.

“СПЕКТРУМ“ МАКЕДОНСКО - ХРВАТСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АФИРМИРАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ И ВРСКИ

Pretraživanje - Kontakt obrazac - Ažurirano: 9. 2. 2012. - Hosting & CMS: Poslovni forum d.o.o.